Желби и цели

Најлесно е во животот да кажеш
“Не можам !!! “.
Да најдеш милион причини да се откажеш и предадеш.
Поентата на животот е да се избориш за нештата што ги посакуваш.
Не мора секогаш да е лесно и достапно.
Важно е да имаш страст за животот, волја за да го оствариш она што го посакуваш, посветеност на сонот, план, трпение и се разбира верба во сопствената сила и храброст.

И да не заборавиш дека сето тоа го имаш во себе.

А ако го подзаборавиш, заблагодари му се на живототот што ти испраќа и предизвици и луѓе -помошници.

Благодарност за предизвиците затоа што те прават посилна.
А за помошниците благодарност затоа што ме мотивираат, развеселуваат, поддржуваат и сакаат таква каква што сум.

Leave a comment